Избрана Верификационата комисија која треба да го разгледа извештајот на ДИК за спроведените предвремени парламентарни избори

Собранието денеска на првата конститутивна седница ги избра претседателот и членовите на Верификациската комисија, која на паузата што ја даде претседателот во претходниот состав Талат Џафери, кој ја води седницата, треба да го разгледа извештајот на ДИК за спроведените предвремени парламентарни избори.

За претседател на Комисијата на предлог на Џафери беше избрана пратеничката Јагода Шахпаска, а за членови пратениците Изет Меџити, Благица Ласоска, Соња Мираковска и Сафие Садики Шакини.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста