Ќе се доцни ли и со почетокот на изградбата на секундарната гасификација во земјава?

По Одлуката на Владата, донесена во декември, минатата година, секундарната гасификациска мрежа низ земјава да се гради со Јавно-приватно партнерство, наместо првичната одлука – општините самите да си ја градат, осум месеци подоцна, ништо ново на оваа тема?! Овој молк зачудува уште повеќе што Јавниот оглас за доделување на Договор за воспоставување на Јавно-приватно партнерство, кој Министерството за економија го распиша во февруари, а со времетраење од 120 дена, истече на 9-ти јуни, по што требаше да бидат отворени понудите и да биде избран најповолниот изведувач, кој според еден од условите наведени во огласот, за четири години треба да го финишира проектот.

Со цел да дознаеме до каде е оваа постапка, телефонски се обидовме да стапиме во контакт со Министертсвото за економија, односно со државниот секретар за енерегетика, како и со Секторот за енергетика, меѓутоа нашите обиди останаа безуспешни. На нивните телефонски броеви, никој не се јавуваше.

Од друга страна, Одлуката на Владата за Јавно-приватно партнерство, како да ги збуни и општините, особено оние кои веќе се подготвувале за самите да си ја градат секундарната гасификациска мрежа. Меѓу нив е и општина Прилеп. Прилепскиот градоначалник, Илија Јованоски, тврди дека и покрај нивната подготвеност, сега морале да го чекаат исходот од државниот Оглас за Јавно-приватно партнерство.

Според МЕ, реализацијата на овој проект ќе чини околу 300 милиони евра.

Инаку, општина Прилеп е на кракот од магистралниот гасовод Неготино-Прилеп-Битола, кој започна да се гради во февруари 2017-та година и целосно требаше да биде завршен до февруари годинава.

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста