Избор на вакцина нема да биде опција за македнските граѓани

Македонија е далеку од масовна имунизација. Граѓаните иако нестрпливи очекуваат дека ќе имаат можност за избор на вакцина – но, таа опција   најверојтно нема да ја имаат, барем не, во наредните месеци, потврдува претседателката на комитетот за имунизација д-р Грозданова. Оправдувањето за ова  е дека се зависело од динамиката на пристигнување на вакцините. Загрижува и тоа што се уште нема конечен став од здравствените власти за користењето на вакцините на АстраЗенека. Засега останува одлуката помладите од 60 години, да не се имунизираат со оваа вакцина.

Немаме донесено заклучок и одлука, и како што споменав кај нас и според националниот план за имунизација беше приоритетна во оваа фаза навакцинацијата на постарата популација.Така да во овој период никој не е оштетен од недавањето на АстраЗенека.Ние ништо друго не правиме отколку да почекаме одреден временски период да истата таа вакцина биде ослободена односно одобрена за давање на лица под 60 години.” – појаснува д-р Александра Грозданова, претседателка на комитет за имунизација.

Вакцината на Астра Зенека е една од најбезбедните, и нема потреба од паника убедува д-р Грозданова. А за да го докаже тоа и таа лично би се вакцинирала со оваа вакцина.

Верувајте еве јас, мојата мајка без никакво размислување би ја вакцинирала со АстраЗенека.А на сите мои најблиски вклучително и јас АстраЗенека им ја препорачувам како одлична вакцина. – вели д-р Грозданова.

Според директорот на инситутот за имунологија д-р Петличковски вакцината е одлична алатка но нема преку ноќ да ни го реши проблемот.

Мораме да инсистираме на поригорозни мерки, затоа што во моментов имаме полабави мерки.Затоа комбинација со вакцини и сериозни мерки со ограничување, може да ни навести можен излез од кризата.кажа директорот на Институт за имунобиологија и хумана генетика, Александар Петличковски.

Досега во Македонија се вакцинирани околу 8400 граѓани.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста