Исплатата на ваучерите за туризам доцни, хотелиерите не знаат дали ќе ја преживеат годината

 Парите од ваучерите за туризам кои се покажаа како вносен бизнис никако да ‘’легнат ‘’на контото на хотелите. Дека државата доцни со исплатата на сретствата,потврдуваат и хотелиерите. Во услови кога коронавирусот го сотре туризмот и ја втурна третата најбрзорастечка гранка од економијата во длабока криза,секој денар ни е добредојден,велат хотелиерите и додаваат дека до сега им биле исплатени парите од ваучерите само за месеците јули и август наспроти тврдењата од министерството за економија од каде велат дека префлени биле сретства и за месец септември.

– Да точно е дека е бавно,која е причината поточно не знам,не можам да сфатам.Од почетокот велеа дека министерот за финасии се смени ,па требаше да се потпишуваат некои работи и.т.н, но мислам дека ако сретствата беа обезбедени тоа треба да се направи по итна постапка и да се заврши, вели КРСТЕ БЛАЖЕСКИ – ХОТАМ

Во хотелите на охридско-струшката ривера ниту еден човек не стапна, се додека не почнаа да се делат ваучерите за туризам во средината на јули. Тогаш се бараше место повеќе, раскажуваат хотелиерите,но таквиот бум траеше нешто повеќе од еден месец,практично до почеток на септември кога се’ замре. Ваучерите за летување не го спасија туризмот,но  во услови кога нема никаква друга помош од државата, тие пари за хотелиерите значат многу.

– Плата и пол две би заработиле, ама тука имаме и други режиски трошоци не е само платата.Колку е тоа доволно ? Јас би рекол дека некаде 25 до 30 % од реализацијата во минатите години,вопшто не е доволно за ние да испливаме до наредната година, изјави ПЕРО КУТАНОСКИ – хотелиер

-Уназад 4 месеци добиваме некои најави,но освен од Развојна банка некој кредит и минималните плати од 3 месеци,ни еден од угостителите немаме ништо добиено.Дел од луѓето дури и парите од ваучерите не ги имаат добиемено, изјави МУСА РAШИД – хотелиер

Туристичкит работници уште минатиот месец предупредуваа дека доколку не добијат соодветна помош и доколку потрае корона кризата, ќе мора да ги  затворат хотелите, што практично и се обистини. За да не пропадне хотелскиот бизнис,сега како давеници за сламка,ги чекаат парите од ваучерите колку да се закрпат барем до нова година.

Инаку,беа доделени вкупно 117.359 ваучери кои можеа да се искористат во 455 угостителски објекти.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста