Инфлацијата притиска – дали НБМ пак ќе ја зголеми каматата?

Се уште не се знае дали Народната Банка ќе ја зголеми повторно основната камата или ќе употреби некоја нова мерка за дополнително зауздување на инфлацијата. Гувернерката Ангеловска Бежоска вели дека будно се следи состојбата и ако имало потреба ќе се интервенира. Не смета дека порастот на основната камата од 1,25 на 1,5% бил благ и задоцнет потег како што коментираа некои од аналитичарите. Вели на краток рок, ефекти повеќе може да даде фискалната политика преку добро насочени и временски ограничени мерки.

Ризиците врз европските економии ги зголеми војната во Украина. Поскапувањата предизвикаа рекордни стапки на инфлација во многу држави. Сите очекуваат помал развој на економиите, но од НБМ засега смируваат дека економијата нема да заврши годинава во негатива.

За да ја покрие се поголемата дупка во буџетот, Владата преговара за нови кредити од меѓународните финансиски институции. Земјава се квалификувала за 900 милиони евра, заем од Меѓународниот монетарен фонд. До 3-ти мај, фондот ќе ја скенира економијата, а колку пари ќе се повлечат се уште не се знае. Дополнително, за што ќе се потрошат парите, одлука ќе донесе министерството за финансии.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста