Вархеи во Скопје на средби со државниот врв и претставници на политичките партии

Сега е моментот за деблокада на евроинтеграциите на Македонија, што во спротивно може да остане уште долг период отворено прашање, а тоа не е од полза на ниту една страна – еврокомесарот Оливер Вархеи од Скопје дека до јуни треба да се најде решение како да се тргне бугарската рампа за македонските интеграции. Вархеиу сепак одлучи да не даде официјална изјава, но од Влада преку соопштение информираа дека постои согласност за деблокада на интеграциите.

Заеднички е констатирано дека европските интеграции на Македонија и на регионот се потреба на државите во регионални рамки, но и на самата Европска унија. Постои согласност дека сега е моментот за деблокада на евроинтеграциите на Република Македонија, што во спротивно може да остане уште долг период отворено прашање, а тоа не е од полза на ниту една страна, стои во соопштението од Влада.  

Ковачевски пак му порачал на Вархеи дека останува посветен исклучиво на принципите на почитување на европските вредности и на разговори базирани на респект и достоинство.

Османи пак со остра порака од средбата со Вархеи дека Балканот е уморен од чекање, а тоа оди на штета на кредибилитетот на Унијата. Време е и Брисел да пружи рака кон државите од Западниот Балкан и јасно да демонстрира дека иднината на регионот е европска, порачал Османи.

Вархеи освен со Ковачевски, Маричиќ и Османи, се сретна и со лидерите на и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на ДУИ, Али Ахмети и Алијанса за Албанците Зијадин Села.

А од Софија пак наместо одговор на она што инсистира Вархеи стигна ново барање. Министерката за надворешни работи Теодора Генчовска открива дека Бугарија прво ќе бара отворање на Уставот, па потоа

Вархеи сепак од Софија ја испрати пораката дека не само што немале време, туку немале ниту интерес за одложување на почетокот за пристапувањето на Македонија . Затоа ќе вели дека потребно е да се донесе решение ди јуни годинава. По Скопје, еврокомесарот за проширување заминува во Тирана, како дел од посетата на земјите од Западен Балкан. 

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста