Инцидент во „Илија Николовски Луј“ – професор шамарaл ученик, директорот брутално брка новинари

Професорот и балетан Бобан Ковачевски од факултетот за балетска уметност со шамари удирал малолетен ученик за време на претставата „Клеопатра“, одржана во МОБ. Ова пред камерата на Алфа го тврди мајката на ученикот. Причината објаснува таа, е што малолетникот на време не му донел вода на сцената додека траела претставата, откако Ковачевски го пратил да му донесе.

– Јас не го најдов детето на улица и не сум го пратила во училиште некој да ми го тепа, поготово не за време на претстава, па да го симнуваат од сцена, мислам дека тоа нее решение, се пожали Билјана Сарафова, мајката на детето.

Сарафова случајот го пријавила кај директорот, но тој и рекол дека не било ништо страшно и добро би било случајот се заборави.

– Од училиштето си го бранат професорот, велат дека децата биле недисциплинирани, што тоа нее така, а директорот ми рече дека повеќе не сака да зборува за случајот, додава Сарафова.

Алфа беше во државното музичко училиште, но таму не бевме добредојдени. Директорот Љупчо Коскаров прво ни рече дека не знае за што се работи, за потоа да излезе од контрола, па кога му го покажавме документот стигнат до него од страна на родителите, стана груб со нас.

– Кој ви дозволи да влезете, исклучетеја камерата и губетесе од овде, зашто ќе ви викнам обезбедување, некултурно не избрка директорот, при што не влечеше за рака додека ни го покажа излезот.

Директорот на училиштето „Илија Николовски Луј“ денеска не беше расположен за коментар, ни рече дека не знае ништо и не избрка од школото.

И додека професор шамарал ученик, директорот брутално се оградува од секаква одговорност. Останува отворено прашањето зошто наместо јавно извинување, демантирање или објаснување пред камера, првиот човек на училиштето е груб, не сака да зборува и нема побарано одговорност од вработениот професор.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста