Три лица загинаа во земјотресот во Албанија, над 150 повредени

Како последица на силниот земјотрес што во утринските часови ја погоди Албанија регистрирани се три жртви.
Станува збор за маж на возраст од 32 години, во Курбин, кој во обид да се спасили скокнал од балкон од поголема висина и починал.

Првата жртва беше повозрасна жена во Туман, кај Фуш Круја, која живеела во стамбена зграда која е целосно урната, а загина и уште една жена. На самото место се уште се расчистува, а во меѓувреме спасени се две деца.

Според министерката за здравство, Огета Манастирлиу, повредени се 150 лица, главно со скршеници и набиеници.

Министертвото за образование соопшти дека поради актуелната состојба денеска настава нема да има во училиштата во околиите Драч,Тирана и Лежа.

Инаку, по силниот земјотрес во 3:56 со јачина од 6,4 степени според Рихтер, речиси со идентична јачина, 6,3 степени регистриран е потрес во 7:20 часот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста