Има ли маж што ќе го запре самоволието на Рамиз Мерко?

Ќе му преседнат ли богатите софри и луксузнот живот на градоначалникот Мерко кој сред пандемија неделно трошел над 2.000 евра на гозби и гоштевања? Стружани бараат од него отчет каде и на што се’ трошел милионски суми народни пари.

АНКЕТА 1.Тие пари ние ги враќаме од пензии, од народов, од работнициве; 2. Не само Мерко туку сите трошат пари колку што сакаат, а тоа е страшно.Нека размисуваат кого ќе ги гласаат во иднина; 3.Воошто овде не е убава работата граѓаните умираат за леб,немаат услови 10.000 пензија, 15.000 плата граѓаните не бараат сали да се градат паркови, патишта,бараат плата, леб; 4. Зошто да се троши толку во оваа ситуација не е оправдано; 5. Господ нека му помогне,нека му е алал ! Нека троши за улициве каде се сопнуваме и шахтите,место тоа да го поправат тие даваат за јадење за пиење.Не се повеќе од автомибилите што ги зеде,нека трошат има ова држава ,кради земај тоа е..

Покрај 80-те илјади евра кои Мерко ги потрошил гоштевајаќи се три години во два локали, според завршната сметка тој за 3  години потрошил дополнителни милион евра-велат од ВМРО ДПМНЕ.

На име на реконструкција на депонии се потрошени околу пола милион евра за 3 години што е огромна бројка, а ние не гледаме ништо дека е променато во однос на депонијата.Исто така толкава сума е потрошена скоро и за реконструкција на патишта.Истото ова се однесува и за набавката на возилата и за целото недомаќинско работење на градоначалникот .СДСМ му го озаконува и овозможува таквото луксузирање собено во услови на пандемија минатата година-рече АЛЕН ДЕРЕБАН- Претсед.на ВМРО ДПМНЕ Струга.

-Советот може да не ја усвои  завршна сметка на буџетот доколку не се реализирала програмата согласно пропишаното. Должност е на Претсеталот на Совет да реагира и да бара отчет-вели Владо Чингоски кој зад има мандат на Претседарел на Совет.

Ако буџетот не е рализиран онака како што треба, тогаш не се прифаќа извештајот може да се поведат и постапки дали до антикорупциска комисија,може и до јавното обвинителство ако мисли дека има злоупотреба на службената положба и некои други дејствија кои не се во согласност со одлуките и законот-рече Владо Чингоски-адвокат.

Може да се поднесе и кривична пријава но кај нас Советите се продолжена рака на градоначалниците и до сега, такво нешто не е случено.Ваквите тврдења го поткрепува и советникот Ален ДЕреба кој до сега поднел голем број пријави, до судовите и други надлеженти институции кои или се прогласуваат како ненадлежни или не превземаат ништо.Или не смеат да превземат дејствија кога станува збор за Општина Струга, или не си ја познаваат работатата-додава Деребан.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста