Има ли безбедносен ризик за македонските граѓани со доаѓањето на Авганистанците?
Ќе обезбеди ли државата највисок степен на безбедност за македонските граѓани откако во земјава ќе пристигнат Авганистанци од завојуваното подрачје. Првиот полицаец Оливер Спасовски уверува дека безбедноста била загарантирана, но сепак во делот со проверката на профилите на оние кои ќе пристигнат е котрадикторен. Првично вели дека бегалците не се радикали, за потоа да најави дека откако ќе пристигнат во Македонија, ќе им бидат правени проверки за да можат слободно да се движат во населението.
Македонските власти со големо срце како што рече премиерот самостојно одлучија да примаат цивили од Авганистан, ама наредбите за бројката и тоа кој ќе допатува во Македонија го одлучувале меѓународните организации, тврди министерот за надворешни Османи.
И додека во Македонија од ден на ден соопштува се поголеми бројки на бегалци кои се очекуваат да слетаат на македонско тло, соседните земји безбедноста ја подигаат на степен повисоко од вообичаеното за заштита на своите граници. Грција, ја завршила изградбата на ограда долга 40 километри, на границата со Турција, и поставила нов систем за надгледување, со цел, да се спречи мигрантски бран, како во 2015-та година.
Ивана Соколовиќ Најдова