И јавното здравство, мегдан за коруптивни зделки ?!

Станува ли јавното здравство се’ поопасен мегдан за коруптивни зделки ?! Недоволната транспарентност и отчетност во работењето, неусогласените јавни набавки со реалните потреби на пациентите, нерационалните планови при набавката на медицинска опрема и потрошен материјал, нељубезен пероснал, но и се уште присутната пракса за „честење“ на персоналот по добиена здравствена услуга, се само дел од забелешките кои ги исфрлило на површина истражувањето на Здружението „П.Е.Т. Станица“ во прилепската Болница, а во рамките на проектот „Анти-корупција во здравството низ призмата на теренската работа“.

     „Она на што најмногу реагираат пациентите е дека иако има набавка на милионски тендери за опрема во Болницата, сепак е недостигот на магнетна резонанца што дополнително ги изложува на трошоци, патување до други градови, а често го става во ризик и нивното здравје заради долгата листа на чекање за закажување на термини“, – вели Христина Здравеска од Здружението за Правна Едукација и Транспарентност, ПЕТ Станица, Прилеп.

      Инаку, извештаите за напредокот на земјава, подготвени од страна на Европската комисија веќе со години констатираат дека постои недостаток на начини државата да се справи со корупцијата, како и недоследно почитување и спроведување на постоечките регулативи. Јавните набавки се доминантен метод на трошење на јавните пари, а јавното здравство е една област која зафаќа голем дел од овие средства.

   Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста