ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР: НЕ Е САМО БУГАРИЈА, ТУКУ И КОРУПЦИЈАТА Е ПРОБЛЕМ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Не е само Бугарија, туку и корупцијата е проблем за влез во Европската Унија, порача холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп во интервју за порталот „Сакам да кажам“. Но, вели тој, овој процесне ја става Македонија во неправична позиција, туку напротив, тоа би требало да ја стимулира државата да ги преземе следните неопходни чекори на патот кој го избрала.

-Корупцијата е состојба на умот на целото општество, од корупцијата во јавните набавки, коронизмот и непотизмот на највисоко ниво, кај градоначалниците, судиите, па се до луѓето кои се подготвени да платат поткуп, оние кои носат шише виски кога одат на преглед кај доктор и оние кои во март носат подароци за учителките на своите деца. Постоечката корупција исто така води кон потреба за изнаоѓање на политички баланс при секое назначување на државна функција. На пример, тажно е дека дури и директорите на националните паркови се политички назначени. Мое силно уверување е дека луѓето не треба да се вработуваат заради политички баланс, туку врз основа на заслуги, отчетност и професионалност, порачува Јон Коп.

Инаку оваа информација во неколку наварати ја нагласуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Дали со ова паѓа во вода тезата на владата дека само Бугарија е виновна за блокадата на патот кон ЕУ?

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста