“Хепар Центарот“ во битка за современа терапија против Хепатитис- Ц
Еден отсто од популацијата во Македонија боледува од опасните вирусни заболувања Хепатитис- Б и Хепатитис –Ц. Бидејќи овие лица се во имунокомпромитирачка состојба, мораат многу повеќе да се пазат од ифекција со Ковид- 19. Ова беше речено на денешното одбележување на Светскиот ден на борба против хепатитисот во Битола, во организација на “Хепар центарот“.
-Се разгледуваат можностите од контрафектите што ги направи Ковид- 19 и колку е зголемена смртноста. Најновите податоци од Оксворд универзитетот и најеминентните тамошни професори, ни покажаа дека црнодробните заболувања имаат два пати поголем морталитет. Ситеовие пациенти што имаат хроничен хепатитис- Б или Ц, мораат да се пазат бидејќи веќе имаат една имуно компромитирачка состојба која значи дупла опасност за нив- рече Милан Мишковиќ, претседател на “Хепар Центарот“.
Со поддршка од Светската здравствена организација, битолскиот интернационален центар, се наметна пред Министерството за здравство, од каде што, за пациентите во Инфективната клиника е обезбедена најновата иновативна терапија со која може да се лечи хепатитисот- Ц.
-Оваа терапија за хроничен хепатитис – Ц е произведена пред две години и е мултигенотипска терапија и овозможува сите генотипови Ц, да имаат излечивост повеќе од 95%- рече Мишковиќ.
Следна кампања ќе биде, новата терапија да се стави на позитивната листа на лекови и да биде бесплатна за сите пациенти во државата, за да се искорени ова опасно вирусно заболување.
Петар Стефановски