Поголеми плати, повисоки пензии, раст од 5%, дефицит од 3% – Што предвидува платформата 1198

Поголеми плати, повисоки пензии, раст од 5%, дефицит од 3% – Што предвидува платформата 1198

Економијата да расте , невработеноста да паѓа – нови 55 илјади вработувања, раст на БДП 5 проценти, капитални инвестиции во вредност од  3 милијарди евра предвидува платформата 1198 со која ВМРО – ДПМНЕ ќе ја бара довербата на гласачите на претстојните парламентарни избори.

Ова ќе се реаллизира преку задржување на политиката на рамни и ниски даноци, намалување на буџетскиот дефицит и негово потиснување под 3 отсто. Планот е да се креира 10 годишна стратегија за привлекување на инвестиции . Трите главни фактори на кои ќе се посвети внимание за раст на економијата се трудот, работната сила и технолошкиот развој

Се обрзуваме за намалување на буџетскиот дефицит, управувањето со буџетот ќе биде домаќински, сите овие мерки ќе придонесат за намалување на невработеноста до седум проценти. Имено планираме генерирање на 55 илјади работни местта следува економска трансформација, вели Гордана Димитриоска Кочоска.

Главната насока ќе биде подобар животен стандард. Уште првата година пензионерите ќе добијат 5 илјади денари линеарно покачување. Според ВМРО – ДПМНЕ 84 илјади лица живеат во сиромаштија, тие нудат концепт со кој платите ќе растат реално а не како сега само преку манипулација со бројки.

СДСМ да ги објави податоците за стапка на сиромаштија, 84 илјади лица живеат во сиромаштија , рече Гордана Димитриоска Кочоска

Енергетиката како главна движечка сила ќе добие засебно министерство каде што ќе бидат вработени истакнати кадри и ќе бидат носители на сите стратешки проекти, а министерството ќе соработува со ЕСМ за да се зајакне државниот сектор. Изградбата на домашни енергетски капацитети, модернизирање на РЕК Битола и отворање на рудникот Живојно се приоритетите за Македонија да има сопствена базна електрична енергија .

Енергетиката беше во втор план, што значи дека првата работа на која вмро ќе посвети внимание е јакнење на државниот сектор. Се обврзуваме дека ќе ја укинеме онаа давачка од 250 денари која е незаконска.Се обврзуваме дека ќе изградиме домашни енергетски капацитети, се обврзуваме дека ќе ја модернизараме на РЕК Битола и да го намалиме загадувањето. Планираме отворање на рудникот Живојно, да може да користиме наш домашен јаглен Да го модернизираме ТЕЦ Осломеј. Одржливоста на домашна енергија ќе биде приоритет на ВМРО – ДПМНЕ, рече Елена Маркова Велинова.

Во делот на инфраструткурата, ВМРО – ДПМНЕ најавува дека ќе го заврши автопатот Кичево – Охрид до 2026 –та година, ќе се изгради Кичево – Букојчани и Гостивар – Букојчани , ќе се модернизира Тетово – Гостивар и ќе се завршат конечно два километри од Скопје до Блаце.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста