Хаос во аптеките – не функционира системот на ФЗОМ за рецепти

Дијабетичари, луѓе со висок крвен притисок и други хронични болести два дена се без терапија затоа што системот за рецепти на ФЗОМ не функционира. Фармацевтите не можат никако да им ги дадат лековите преку рецепт, бидејќи системот е крахиран. Пациенти утрово се јавија во нашата редакција и се пожалија дека имаат проблем со лековите на рецепт…Реагираат и барат Фондот да реагираа. Велат,  плаќаат здравствено осигурување,  а цело време се препраќаат да се снаоѓаат во нефункционалниот систем, дополнително и во многу ситуации  се принудени лековите да си ги купат на приватно кои ги чини десет пати повеќе од реалната цена.

Во аптеките пак велат дека не знаат за каков проблем станува збор, но се надеваат дека за брзо ќе се реши.

Се обративме и до ФЗОМ, од каде не добивме одговор што се случува и кога пациентите ќе можат да ги земат лековите кои им се препишани со рецепт.

Инаку, ова не е прв пат пацинтетите сред пандемија да се соочат со овој проблем. Претходниот месец системот на ФЗОМ не беше во функција повеќе од 24 часа. Тогаш од Фондот се правдаа оти проблемот се јавил во системот Мој термин.

И додека илјадници граѓани се соочуваат со вакви проблеми речиси секојдневно, народот собира донации за лекување преку СМС пораки, лекари носат пациенти на раце затоа што нема амбулантно возило, а директорите на  ФЗОМ ќе се подноват со два нови луксузни автомобили од 82 илјади евра.

Освен директорите на Фондот, со нови 45 автомобили ќе се подноват и министрите и функционерите на Владата.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста