Фрчат предизборни вработувања, ФЗО „се отвори“,вработува Албанци, Турци во градови каде што ги нема

Дали етнички правичната застапеност е и праведно распоредување на кадри во државните институции? Фрчат огласи за вработувања во Фондот за здравствено осигурување. Албанци,Турци,Роми и Срби вкупно 13 службеници треба да се вдомат во ФЗОМ. Она што паѓа в очи е што под точката:

„Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 год.“ се бара вработување на Албанец/ка во градови во кои нема албанско население, како Гевгелија, Делчево и Берово. Албанска националност е потребна и за пополнување на местата во Битола, Тетово, Струга и Скопје.Во условите за вработување во ФЗОМ во Виница и Демир Хисар е наведено апликантот да е Турчин/ка, во Крушево се бара Ром/ка, а во Прилеп Србин/ка. Македонец/ка е потребен само во Охрид.

Прашавме и во ФЗОМ, зошто и врз кој основ се распишани овие огласи,  ако се знае дека во овие населени места нема албанско население, но од таму молк.

И додека се полни Фондот со нови службеници, илјадници граѓани изминатите денови се соочуваа со огромен проблем. Поради крах на системот за рецепти не можеа да си ги подигнат лековите од аптеките, па на оние кои им беа неопходни си ги платија по десет пати поголема сума од реалната.Денеска за среќа системот е во функција.

Предизборно се полнат и претпријатијата под капа на општините. Охридски комуналец неодамна пушти  оглас за вработување на 40 нови лица.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста