НАЈНОВИ ВЕСТИ

ИДФ со нови шокантни откритија под Џамија во Газа

ИДФ со нови шокантни откритија под Џамија во Газа

Израелската армија во најновото соопштение вели дека под Џамија во населбата Зејтун, во градот Газа, пронашла работилница што наводно палестинската милитантна група Хамас ја користи за производство на ракети.

„Џамијата, во областа Зејтун, се користела како лабораторија за производство на оружје, изјави на прес конференција портпаролот на израелската армија, Даниел Хагари.

Тој додаде дека израелските војници влегле во џамијата за да проверат дали има замки, но, кога влегле во зградата, нашле тунелско окно и скалила.

„Терористите прават ракети во џамијата. Тие го користат исламот и симболите на исламот за тероризам“, рече Хагари.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста