Граѓаните револтирани, Ангеловска негира некоординираност на институциите

Револтот кај граѓаните расте, но министерката Ангеловска не признава некоординираност меѓу институциите во врска со платежните картички. И покрај 50-те илјади поднесени поплаки, 15 илјади биле разни прашања во врска со процесот, а доставените 30 илјади приговори со матични броеви допрва ќе се проверуваат. Ангеловска тврди дека на сите ќе им било одговорено до крајот на следната недела. Инаку УЈП дури во четвртокот ги добила листите за проверка од Генералниот секретаријат. Најголем дел од приговорите се поднесени од средношколци и студенти кои ги нема на списоците.

Се уште нема информации дали пари легнале на сметките на пензионерите на кои не им следуваат средства. За пензионерите кои се најдоа на листите, Генералниот секретаријат бара МВР да поднесе кривични пријави бидејќи грешките според нив биле намерни. Министерката Ангеловска со спротивен став. Се работело за техничка грешка.

Нема информации ниту кога ќе се корегираат смешните суми на сметките кај здравствените работници од 50 евра, кои пак, треба да добијат 40% од нивната нето плата. И во овој случај државните органи си ја префрлаат топката. Генералниот Секретаријат кон Фондот за здравство, оттаму пак кон здравствените установи. Ангеловска тврди дека веќе била доставена корегирана листа.

Инаку 37 илјади приговори биле доставени и до Министерството за економија за ваучерите од 100 евра за одмор во домашните летувалишта.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста