Горниот дел на Тетово повторно без вода

Во делови од Тетово се повторува состојбата од пред десетина години домаќинствата да се соочуват и до 24 часа со прекин во водоснабдувањето. Сега и покрај два водоснабдителни системи нема вода за пиење, па тетовци чекаат вода да дојде во ноќта или да полнат на други места.  Стариот дел од градот постојано се соочува со овој проблем, но сега така е во повеќе населби па дури и во центрот.

Од Центарот за јавно здравје Тетово од каде се следи исправноста на водата за пиење, велат дека покрај намалемната изданошност и чести потешкотии, се јавил и нов проблем, налик на пренасочување на водата.

Неформално имаме непотврдена информација, едно од извориштата односно Уливерички извори помеѓу двата круга на локалните избори се пренасочени према селото Речица. Не знаеме, не можеме да го потврдиме тоа поради тоа што не можеме да излеземе на терен поради временските прилики. Некаде кон крајот на април и почеток на мај ќе излеземе на терен ќе се извршат увиди.

Во комуналното претријатие тврдат дека има доволно количини вода, а недостигот е поради недоволен притисок. Потврдуваат дека постојат диви приклучоци, но немаат електронски систем во мрежата за да се утврди дали е пренасочен водниот капацитет од Уливерички извори, со максимално можни 200 литри во секунда.

Нити ја имам таа информација ниту има индиции зошто лани имавме во ова време со вакви прилики, оваа количина на вода од старите изворишта и сега ја имаме би рекол и годинава малку и повеќе за разлика од лани.

Градоначалникот најави дека пролетва ќе се испитува зошто доаѓа до чести дефекти на новиот водоснабдителен систем поради што зимава неколку пати имаше и рестрикции во водоснабдувањето. 

Александар Самарџиев

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста