Мерката на Владата не го даде државното земјиште за вонредно сеење на пченка, пченица и јачмен е задоцнето

Aко државата имаше јасна стратегија за зголемување на производството на пченица, јачмен и пченка, сега немаше да бидеме во ситуација да останеме без жито, алармираат земјоделците.  Мерката за отстапување на државно земјоделско земјиште требаше  да се воведе многу порано. Ќе ја спасевме овогодинешната жетва на пченица и немаше да бидеме во ситуација во која сега се наѓаме, да бидеме зависни и да чекаме на увоз, објаснуваат од Самостојниот сојуз на земјоделци .

  „Ако се имаше правилна стратегија нашата држава ќе водеше грижа одредени површини да бидат посадени со поледелски култури како пченица, јачмен, пченка пред се за своите потреби , а истото важи и за индустриските култури како што е маслодајната репка , сончогледот. Тогаш државата немаше да биде зависна и немаше да чекаме на увоз на тие производи како што е сега„-вели Ристо Велков од Самостојниот сојуз на земјоделци.

Високите цени на репро матрејалите ќе го изедат трудот на земјоделците. Најголем проблем во моментот со кој ќе се соочиме е немањето на работна сила, објаснуват од Самостојниот сојуз на земјоделци.

Без стратегија нема никаков напредок во секторот земјоделие. Причините за кои мислам дека оваа меерка нема да даде позитивни ефекти се следните: климатските промени , високите цени на репроматрејали, како и недостиг од работна сила. Знаете младата популација, работоспособните е надвор од државата„-објаснува Велков

 Според статистиката последните години континуирано бележиме пад во производство на житни култури. Лани од Србија во државата се увезени 65.000тони пченица и 54.000 тони пченка.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста