Цар Самоил се побугарчил уште пред три години, но никој не ни кажал

Цар Самоил е решен во 2019 година, ама власта тоа го крие повеќе од три години со образложение дека се чекало за да се заокружи процесот на политичките прашања и тактизирале кога да се објават усогласените текстови, признава министерот за надворешни Бујар Османи. Потврдува дека во моментов се зборувало како тие текстови и содржини за чествување на кои се согласиле двете страни ќе се внеселе во историските учебници, ама го одбегна прашањето дали со ова сме се согласиле дека Самоил е бугарски цар..

Османи одбегна да одговори која е историската личност за која говори бугарскиот премиер Кирил Петков, ако работата за Цар Самоил е завршена работа. Сепак побрза да се оправда дека македонската влада била исто толку транспарентна како и бугарската, иако впечатокот во јавноста е сосема поинаков со оглед дека клучните работи ги соопштуваат од Софија.

Шефот на дипломатијата не гледа потреба да реферира пред пратениците секогаш кога ќе се најави дека е постигнат напредок во одреден сегмент, како што бараше опозицијата. Иако од ВМРО-ДПМНЕ предупредуваат секојдневно дека власта е подготвена за национално предавство, Османи смирува – немало простор за загриженост.

А откако бугарскиот премиер Петков најави дека руски агенти работеле против добрите односи меѓу Македонија и Бугарија и Османи денеска со информација дека оваа недела луѓе од институции од земјава се јавувале во Бугарија кажувајќи дека не е потребен целиот ангажман .

Во следните неколку дена Османи и неговата бугарска колешка Теодора Генчовска повторно ќе се сретнат, ама во Брисел. Прогнозите биле дека политичките преговори биле во финална фаза.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста