Голем дел од Унгарците би се вакцинирале против коронавирус само доколку е бесплатна

Во Унгарија само можните трошоци за вакцината може да ја попречат широката употреба на вакцината против коронавирусот. Според истражувањата на “Ипсос” спроведено на скоро 20.000 возрасни лица од 27 земји, покажа дека 74% од испитаниците би примиле вакцина за КОВИД-19 доколку е достапна. 59% не очекуваат ова да биде опција пред крајот на оваа година. Причината што најчесто ја даваат оние кои не би примиле вакцина е загриженост за несакани ефекти, такви се дури (56%).

Резултатите покажуваат дека во меѓународна споредба, Унгарците се повеќе скептични во врска со развојот на вакцината против вирусот КОВИД-19 во 2020 година и нејзината ефикасност.

Во делот на резултатите по возрасна група, најголеми противници на вакцинацијата се помладите од 50 години (49%). На рангирањето на 27 испитани земји, Унгарија e трета најпретпазлива нација по Полска и Русија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста