Георгиевски „солира“ или Заев преку него пушта пробен балнот за прифаќање на бугарските уцени?

Дали Заев преку Љубчо Георгиевски припрема терен за прифаќање на бугарските уцени? Бучковски веќе ни наговести решение на спорот, кое што на почетокот ќе изгледало како голема отстапка од македонска страна, а сега екс примерот на Македонија нуди предлог кој предизвика низа негативни реакции во јавноста. Тој предлага да прифатиме речиси се што Бугарија бара, односно македонски јазик и нација дека постоеле од 1944 година па наваму, како и признавање дека Гоце Делчев е заеднички херој на двете страни. Георгиевски предлага и да сме признаеле дека македонските организации во османлискиот период говореле на бугарски јазик.

-Да се направи нова специјална комисија која ке работи под најбрза постапка за прогонот и убиствата на Македонци  со бугарска национална свест. Според бугарски извори 30.000 убиени и 120.000 малтретирани. Лично сметам дека тука некој лошо ја подводи бугарска  јавност. Но и 1200 да се, демократијата треба да објави на виделина, пишува Георгиевски.

На ваквите ставови на Георгиевски остро реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од таму велат дека ова е мастер план кој Заев преку поранешниот премиер се обидува да го спроведе. За партијата е неприфатливо е да се прифати дека македонскиот јазик бил бугарски, како и дека на бугарски јазик разговарале македонските револуционери.

Од владејчката партија пак велат дека нивните ставови не се исти со оние на Георгиевски.

-Остануваме отворени за дијалог за изнаоѓање решение, меѓутоа повторувам уште еднаш македонскиот јазик и македонскиот идентитет, не се тема на разговор. Ниту се разговарало, ниту во иднина ќе се разговара на оваа тема. Така што, апсолутно ставовите на господинот Георгиевски се негови лични ставови, со кои што ние апсолутно немаме никакви допирни точки, изјави Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

Околу планот на Георгиевкси на социјалните мрежи се огласи и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Пишува дека тој е срамен и понижувачки за Македонија и македонскиот народ. Го повика и Обвинтиелството да отвори случај и да поднесе кривична пријава за дело против државата и поткопување и уривање на уставниот поредок.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста