Нема мерки, ама има рестрикции за банките, стануваат ли финансиите хроничен проблем?

Меркте за спас на стопанството и граѓаните доцнат, економијата тоне, ама власта се фали дека сме бележеле добри резултати. Дека македонската економија е на стаклени нозе, алармираа и банките кои застанаа контра Народаната Банка, по донесената времена забрана за исплата на дивиденди. Банките не ја исклучуваат можноста да поднесат иницијатива пред Уставниот Суд за одлуката на Народна Банка. Иако се работи за привремена забрана, банките се затечени, бидејќи и покрај кризата тие лани остварија профит.

Дека забраната за исплата на дивиденди е лош економски знак, а Македонија е се поблиску до банкрот, алармираше и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски. Рече дека земјава е задолжена за 1 милијарда и 600 милиони евра за само две години, и дека стопанствениците немале сила да застанат на нозе.

  • Забраната на осигурителните компании и банките да исплаќаат дивиденди на нивните акционери, не само што ќе ги оштети акционерите, туку тоа води до целосна недоверба во банкарскиот систем. Секој човек кој малку ги препознава овие сигнали, ќе замине веднаш да ги извади своите депозити, за да не му пропаднат. Тоа е преочигледно и жално е тоа што таквиот начин на соопштување е јасен дека Македонија е се поблиску до банкрот и лоша економска ситуација на подолг период, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, во емисијата „Што нее јасно“ на Алфа ТВ.

Ваквите апели сигнализираат дека пари во државата има се помалку. И додека упатените алармираат дека економската состојба е лоша, министерот за финансии се фали дека четирите досегашни пакети на антикризни мерки го намалиле падот на економската активност, а ефектите од спроведените мерки се гледале и преку стапката на невработеност која во третото тримесечје се намалила.

  • Поддршката кон населението и на фирмите резултираше со ублажување на негативните последици на пандемијата врз доходот и потрошувачката на домаќинствата и деловните субјекти. Просечната стапка на невработеност во деветте месеци од 2020 изнесува 16,5%, што е намалување од 1 процентен поен во споредба со истиот период претходната година, вели меѓу другото Бесими во интервју за „Капитал“.

И додека власта се фали дека имало подобрување, последниот петти пект мерки за помош на сите е заглавен во Собранието. Од вкупно 29 мерки, за десетина е потребна законска измена. Стопанските Комори реагираат до Владата околу процедурите кои се и повеќе од сложени, за да може полесно фирмите да аплицираат и да користат државна помош. За последниот пакет предвидени се 160 милиони евра, но засега Владата има само 50 милиони евра. Остатокот ако е потребно ќе се обезбеди со ребаланс на буџетот.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста