Филипче не гледа проблем со протоколот за „Ивермектин“ што го препишаа од колумна на електроинженер

Бурни реакции во јавноста откако матичните доктори добија протокол за лекување со евтиниот лек „Ивермектин“ кое било препишано од научно, не медицинско списание. Доктори од примарното здравство реагираат дека спорниот протокол кој нема ниту потпис и печат од службено лице, ја става во ризик нивната работа. Министерот за здравство признава, протоколи за лекување и порано биле преземани од стручни лица, што не беше случај и со протоколот за лекување со „Ивермектин“ – таа колумна во списание ја напишал доктор на технички, а не доктор по медицина.

„Кој го преземал или како го напишал е работа која што секогаш треба да значи да се пратат насоките на стручните лица. Во нашата земја препораките од стручните колегиуми на Клиниките. На почетокот за повеќе лекови и се уште важечки протоколи на Клиниката за Инфективни болести, истите преземени од Србија или од Хрватска. Едноставно тие портоколи така функционираат и нема што повеќе да се одземе или да се додаде“, вели министерот за здравство, Венко Филипче.

Граѓаните пак алармираат – чија ќе биде одговорноста ако третманот што го препишал матичниот лекар според протокол зад кој не стои ничиј потпис, предизвика несакани ефекти по здравјето на пациентите? Министерот не даде конкретен одговор – вели таквите случаи се пријавувале во Агенцијата за лекови.

„Доколку има несакан ефект се знае како е постапката и процедурата. Со пријавување на несаканиот лек во Агенцијата за лекови, се прави проверка од каде е тој несакан ефект, за тоа има процедура со години наназад и не важи само за Ивермектинот“, додава Филипче.

Лекот „Ивермектин“, кој во светот покажал одлични резултати во лекување и превенција на корона вирусот, влезе и во протоколите за лекување во земјава. Но, пациентите и денеска мака мачат да го купат бидејќи тешко се наоѓа во аптеките. Алфа од извори во фармацевтската фела дознава дека „Ивермектин“ има но тој се чува за познаници. Министерот сепак уверува дека од понеделник лекот ќе биде достапен во поголеми количини.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста