Оризопроизводителите гневни на власта- не им ги прифати барањата, најавуваат нови протести и блокади

Оризопроизводителите извисија. Од вкупно 12 барања што ги доставија минатата недела , владата позитивно им одговори на само едно. Направена е измена со која на оризопроизводителите им се дозволува финансиска поддршка да добијат  и  земјоделски стопанства кои немаат сертифициран семенски материјал. Од Иницијативниот одбор објаснуваат дека  власта на овој начин успеаја да си купи мир за празниците, но не и да ги реши проблемите. По Божиќните празници ќе одлучуваат какви чекори ќе преземат понатаму. Неотстапуваат од својте барања. Можни се нови  блокади и протести по патиштата.  

    „Овие се доплнителни, ние бараме тие 12.000денари по хектар да бидат редовни субвенции. Тоа ни беше целата иницијатива. Од тоа нема да има ништо и во 2021 пак ќе се соочиме со истиот проблем. Ние имаме проблеми со селидба, пестициди, ѓубрива ,со зелена нафта .Само едно од баањата, а тоа е речиси скоро ништо„-изјави Здравко Арсовски од Иницијативниот одбор за спас на оризопроизводството

Овогодинешната откупна цена е многу ниска, по 21 денар се продава само Сан Андреата, додека останатите сорти се по 17 и 18денари. Неплатените давачки кон државата и извршителите,  ги притисна земјоделците од кочанско. Тие што можат да го издржат ударот го чуваат родот во амбарите, останатите се принудени да го продават испод цена…

   „ Живееме буквално во сиромаштија. Не се срамам да кажам. Не само јас, целиот народ. Источна Македонија е запустена. Не можете да видите насмеан , човек кој ќе каже- Еве оризот е добар. Наместо државата да ни помогне, да најде излез од ситуацијата , таа се заниммава со ЕУ, со марихуаната„ – вели Стојче Ташовски оризопроизводител с. Облешево

Оризопроизводителите бараа поголема квота за зелена нафта, стабилна откупна цена од 25 до 30денари, како и воведување на интервентна мерка по килограм оризова арпа.

Поради сушата и лошата политика, се поголем број на оризопроизводители се решаваат одгледувањето на ориз да го заменат со други култури. 

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста