Енергетската криза ќе удри врз туризмот, поскапата струја ќе ја дотолчат најпрофитабилната гранка

Енергетската криза ќе удри врз туризмот, најавите за зголемување на цената на електричната енергија ќе ја дотолчат најпрофитабилната стопанска гранка. Ако се земе предвид дека во месец ноември е забележан раст на цените на угостителските услуги, енегетската криза силно ќе се одрази врз зголемување на цените на аранжманите.Прагот на рентабилноста го одредуваат менаџерите според поскапувањата во одредени сектори,вели првиот човек на Агенцијата за поддршка и промоција на туризам.

Во зависност од поскапувањата на тие сектори ќе зависи и услужната дејност или туристичко угостителскиот сектор ,така да ако имаме зголемување на струјата тоа ќе влијае и ќе дојде до зголемување на аранжманите и се’ останато бидејќи фиксните трошоци имаат зголемување.

Во овој момент не можам да кажам за колку ќе се зголемат цените на аранжманите,но ако веќе имаме зголемување во другите сектори секако дека ќе очекуваме зголемувања и во туристичко угостителскиот сектор,вели Јанески кој проговори и за нискобуџетните компании кои ги одкажуваат летовите кон и од Македонија,што е погубно посебно за туристилки Охрид, кој чмае празен сред зимска сезона.

Секако дека тоа ќе се одрази врз туристичкиот сектор пред се’ и слободното патување на туристите кои што сакаат да патуваат во овој период од годината.Ако говориме околу  новиот сој на корона вирусот, секако дека има дополнителни рестрикции во ЕУ и засилување на некои одредени мерки.

Визер најави дека ќе ги намали и укине летовите од повеќе дестинации од Балканот, меѓу кои и Македонија.До кога ќе трае овој тренд на откажувања на летовите, ќе завиди од текот на пандемјата.

Оперативни рути кои се сигурни во текот на зимата ќе го поврзат Скопје со неколку градови во Белгија, Данска,Шветска,Франција ,Германија и Англија,од кои многумина ќе се одржуваат со скратен распоред. Сите други рути се делумна или целосно откажување. Од Охрид само Базел ќе работи во текот на зимска сезона која ќе трае до 26 март следната година.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста