Вардар уште два меча со Недановски, а потоа со нов тренер

По спогодбата за прекин на соработката со тренерот Веселин Вујовиќ, довчерашниот помошник Владо Недановски го презеде кормилото во Вардар и со победа над Охрид ја почна привремената функција за прв тренер. Истата ќе ја задржи најмалку уште на два натпревара, од кои првиот многу важен во битката за одбрана на домашниот трон. Вардарци в четврток во Битола гостуваат кај Еурофарм Пелистер, најсериозниот кандидат за титулата, воедно и лидер на табелата со ист број на бодови со Вардар. Недановски ќе го води тимот и на мечот со третопласиранот Бутел на 22 декември, последен за оваа календарска година. Потоа, веднаш по Божиќните празници во Вардар ќе пристигне нов тренер, а многу веројатно и тимот ќе претрпи измени. Шпекулациите се најгласни за Дејвис, Зорман, Голужа, тренери докажани во Европа, еден веќе и со претходен стаж во Вардар. Ако судиме по тоа што касата во клубот не е преполна, тогаш одлуката за нов кормилар нема да биде лесна

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста