Експерти: црната кампања ќе има контраефект кај гласачите

Негативната кампања која стана секојдневие за политичките чинители нема да обезбеди гласови плус на контото на кандидатите во недела. Во финишот на изборната кампања која завршува вечерва на полноќ, наместо реторика за натпревар на идеи и проекти македонските гласачи со вакви црна кампања добиваат причина плус зошто некој не треба да биде избран, оценува за Алфа експертот за односи со јавноста Бојан Кордалов.

И победата и и поразот на овие избори ќе бидат многу горчливи бидејќи ниту една од партиите не може да ја порекне пораката која ја испрати народот но и бројката од под милион граѓани кои излегле да гласаат, дециден е Кордалов.

Познавачите на изборните процеси коментираат дека вистинската слика ќе ја имаме веќе од понеделник кога партиите ќе треба вистински да се соочат со проблемите кои ги мачат граѓаните.

Вечерва на полноќ завршува изборната кампања за вториот круг локални избори и стапува изборниот молк се до  недела во 19 часот. 

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста