По најавите за поскапување на струјата, граѓаните се вознемирени – и со право, оти на знаат како ќе презимиме

Тешка, но и „изгор“ скапа зима сериозно ни тропа на врата. Граѓаните се вознемирени, и со право, оти на големо се најавува поскапување на струјата која е главен енегренс за греење. Без разлика колкави ќе бидат струјните ценовни шокови, конечниот цех сепак ќе го плати народот. Граѓаните не знаат како ќе презимиме, ако се суди според најавите дека струјата ќе поскапи за повеќе од 20% околу Нова Година. Велат Господ нека ни е на помош, зашто државата не мрднала ни со прст, за да помогне во ублажување на ценовните шокови.

  • Мислам дека државата ништо не прави за да се ублажи ударот кој ни се заканува дека ќе дојде до сите. Ај што платите ни се катастрофални, па дури и тие не стигаат се да покриеме, а што ќе се случи за некој месец Бог нека ни е на помош. Стварно не знам, а и не сакам да мислам, зашто знам дека ќе биде многу лошо, и тоа многу полошо од ова што сега ни се случува, се жалат граѓаните, во очај од тоа што сите не очекува.

Граѓаните сакаат да штедат и да се греат економично, но загрижени се дека тоа годинава ќе ги чини многу поскапо. Велат дека без оглед на тоа на што ќе се грееме, се е поврзано со струја. И парното, и инвертер климите и печките на пелети.

Дека се ќе падне врз грбот на граѓаните веќе предупредија и експертите, ама кој да ги чује. Според нив, не чека тешка зима со драстично повисоки сметки на секое поле.

Димитров рече и дека Владата го преспала периодов, додека земјите од соседството активно работеле на изградба на капацитети.

  • Ќе влечеме струја и натаму, се релативизираат работите во некои медиуми и се правилажен оптимизам кај читателите. Видовте дека имаше тепање за мала компанија, па замислете како може да ескалира ситуацијата по изборите, алармира тој.

Капак на се е неодговорниот однос од државата, зашто сред бел ден, речиси сите улични осветлувања горат како да нема проблем. Бандерите долж булеварите, надлежните ги забораваат вклучени.

За ублажување на шоковите економистите предлагаат намалување на даноците, за граѓаните колку толку да не ја почуствуваат ценовната разлика, која директно удира врз џебот на народот.

За да се ублажи енергетскиот удар од „РКЕ“ велат дека радијаторите ќе почнат да се стоплуваат уште од три часот изутрина и дека ова нема да ги зголеми сметките за парно. Стабилизација на цената на струјата се очекува дури кон средина на следната година, до тогаш не чека лош период и тешка зима.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста