Двојазичните униформи отвараат нови проблеми, дали со нив се воведува „кантонизација“ на државата

Како во услови на економска и политичка криза примената на законот за двојазичност стана приоритет за власта, па си донесоа одлука за итно менување на униформите на полицијата?  За дел од експертската јавност ова ќе значи вовед во кантонизација, оти полицискиот систем во земјава е централизиран, а не како што е случај со дел од европските земји каде полицијата е локална.

Одлуката униформите на полицијата, специјалните единици во Скопје и во другите градови каде Албанците се присутни со над 20 отсто од населението да бидат двојазични, ја разбранува јавност особено што сѐ уште не е изработен правилник или упатство за менување на ознаките на полициските униформи. Затоа директно ја прашавме полицијата како планираат да ја имплементираат одлуката но и во кои делови на Македонија ќе важи и уште повеќе кои полициски единици ќе бидат опфатени…засега оттаму молк.

За потсетување министерот Османи иако не беше тоа дел од неговата работа  во 2019-та правеше и инспекции низ државните институции колку и дали воопшто се спроведува законот за употреба на јазиците, но и ги укоруваше директорите фоколку увиде неправилности.

Во членовите на Законот предвидено е полицијата, пожарната и здравствените работници да добијат нови униформи, но упатените велат дека тоа може негативно да се одрази и врз нормалното функционирање на овие граѓански сервиси.

А партијата Левица ќе ја оспорат како што велат неуставната владина Уредба за униформата и ознаките на униформата на полицијата пред Уставниот суд.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста