Власта го скрати буџетот за борба против сидата и го навлече револтот на невладините организации
Речиси преполовен буџетот за борба со ХИВ/СИДА. Сега за тестирање, едукација и превенција се предвидени само 450 илјади евра. Невладините велат дека со ваквата одлука на Министерството за здравство може да дојде до зголемување на бројот на новозаразени.
ТОНСКО АНДРЕЈ СЕНИХ- Здружение „Заедно посилни“
Во изминатиот период се обидовме да комуницираме и комунициравме со Министерството за здравство, проблемот беше исклучително големо доцнење во доделувањето на овие средства, а станува збор за услуги кои мора да се даваат во континуитет и да им бидат достапни на крајните корисници. Иако добивме впечаток дека работата ќе биде што побргу решена, оваа недела бевме изненадени од тоа драстично кратење од 40 проценти на предвдениот буџет, станува збор за програма која е веќе усвоена од Влада, индикректно многу повеќе луѓе можат да бидат засегнати, вели Андреј Сених од Здружението „Заедно посилни“
Невладините додаваат дека превенцијата е клучна, но и дека е поевтина од третманот кој е доживотен. Затоа велат дека дури и само еден спречен нов случај на ХИВ е огромен успех.
Треба да знаеме дека светот покрај пандемијата со Ковид-19, се уште се соочува на ХИВ, која е активна пандемија. Иако РМ има релативно ниска стапка на ХИВ инфекција, е во пораст. Со укинувањето на овие услуги што може да се случи со укинувањето на буџетот, директно се засегнати 10.000 корисници кои доаѓаат од маригнализирани групи, посебно ранливи на ХИВ, меѓутоа индикректно многу повеќе луѓе можат да бидат засегнати, додава Сених.
Според податоците од Институтот за јавно здравје лани заклучно со 30 ноември биле регистрирани 42 нови инфекции на ХИВ.
Во Македонија досега се потврдени 551 случај, а 430 луѓе живеат со ХИВ.
Невладините велат дека бројот на заразени е многу поголем зашто не се прават доволно тестирања.
Kристина Алексиеска