Завршни избори за „Меѓународен сојуз“: Боки 13 ќе се спреми за следното рочиште

Бојан Јовановски, татко му, неговата асистентка, Јасна Ерцеговиќ и екс-пратеничката од Соцјал-демократите, Фросина Ременски да бидат прогласени за виновни и да им ги вратат парите на оштетените бара Обвинителството.

Јовановски се здружувал со познати личности се со цел јавноста да верува дека неговата организација е за хуманитарни акции, а во позадина тој и останатите обвинети се стекнале со лична и имотна корист, а притоа ги измамиле бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Азески.

За одбраната, Боки 13 е невин. Ниту еден материјален и вербален доказ не укажал дека Јовановски но и останатите обвинети имале намера и сториле измама и переле пари.

Јасна Ерцоговиќ пак го убедуваше судскиот совет дека таа ниту еден потпис како потпретседател на невладината и ниту една транксакција не ја направила со умисла да учествува во измама и перење пари.

Екс-потпретседателката на Соцјал-демократите Ременски, рече дека тоа што била јавна личност не била причина да биде обвинета. Ниту знаела за договорот за старечки домови а уште помалку за неговиот финансиски дел.

Бојан Јовановски алијас Боки 13 не да даде свој завршен збор. Немал време да се подготви, но тоа ќе мора да го стори на следното рочиште по што ќе следува пресуда.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста