Две негувателки заразени од ковид -19, градинките ќе продолжат со работа

           

              

  Вчера, по претходно направени тестови, кај две негувателки во детски градинки, едната од Битола, а другата од Скопје е утврдено дека се позитивни на ковид- 19, на само три дена од стартот на нивната работа. Во градинката на Образовниот центар “Раде Јовчевски Корчагин“, негувателката од 9 септември не била на работа ниту пак имала контакт со прием на деца кога градинката започнала со работа. Според епидемиолошката препорака, ако заклучно со утре не се пријават вработени со симптоми, градинката од понеделник ќе продолжи со работа.

 Во Битола, во градинката “Коца Василева“ во која овие денови имаше само 60 деца, кај една од негователките е утврден корона- вирусот.

  • Една од вработените е позитивна, но во незината група се само пет дечиња кои ќе бидат под надзор и родителите не направија никаков проблем. Од сите вработени само три воспитувачки и две негувателки се ставени под надзор- до 15 три, една до 17 и уште една до 18 од последниот контакт со заболената- рече Снежана Тодоровска, директорка на ЈУ ДГ “Мајски цвет“.

Според епидемиолошката анкета, негувателката е заразена од познат семеен кластер каде помагала во извршување на  работи од семеен бизнис, а целокупниот комплекс на Јавната установа “Мајски цвет“ во кој припаѓа и градинката “Коца Василева“ со над 400 деца, според епидемиолошкиот протокол, доколку не се појави инфекција и кај други лица, ќе продолжи со работа.

  • Од понеделник, групите си продолжуваат со работа онака како што налагаат протоколите, немаат никаков контакт ниту воспитувачките ниту негувателите, а центаро за јавно здравје ќе ги дизинфецира просториите и објектот- рече Тодоровска.

Екипа на Центарот за јавно здравје, денеска изврши дезинфекција во градинката, а според првичната реакција на родителите, кај нив немаше паника.

  • На само три дена после стартот од работата на детските градинки во Битола, кои родителите со нестрпливост ги очекуваа, во “Коца Василева“ се случи ковид- 19 кај негувателка. Сега понатаму, сите епидемиолошки протоколи треба да дадат одговори, како и колку тука ќе се работи и колку дечињата ќе бидат безбедни?

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста