Два класа од второ одделение од штипското училиште во самоизолација, наставникот бил позитивен на корона



Два класа второоделенци во штипското основно училиште Тошо Арсов се во самоизолација, откако наставник кои им предавал е позитивен на вирусот . Информацијата ја потврдија од управата на училиштето. Во текот на денот, на децата треба да им се издадат решенија. Засега нема најава за тестирање на сите 34 ученици. во меѓувреме во самоизолација се и шест дечиња во градинката „Сончогледи“. Позитивни на вирусот се нивната воспитувачка и негователка. На инфективното одделение слободни болнички кревети има уште два, а во денешната црна статитиска има и едно починато лице на 72 годишна возраст


КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста