Алармантна ковид ситуација во Велес – Велешката болница стана црна точка за два дена седум пацинети ја изгубија битката со вирусот
Глетката е страшна, пацинетите тивко ни умираат – ние сме немоќни да ги спасиме. Преморени сме и малку сме. Тешките случаи иако бараме, не добиваат шанса да бидат хоспитализирани во ковид центрите во Скопје и затоа се завршува фатално – вака сведочи дел од медицинскиот персонал на велешкото Инфективното одделение за Алфа. Според информациите до кои дојдовме болницата кубури со персонал. Во една смена само пет сестри има за триесетина пацинети и затоа ситуацијата излегува од контрола. Велешката болница стана црна точка откако за два дена седум пацинети ковид позитивни ја изгубија битката со вирусот.Од болницата велат дека причините за зголемената смртност на пацинетите се многубројни, објаснуваат дека болеста е непредвидлива и тешко може да се контролира затоа причините остануваат непознати.
“Кај голем дел од пацинетите текот на болеста е непредвидлив и доаѓа до нагло влошување на респираторната функција и пад на сетурацијата со кислород и затоа доаѓа до фатален исход и кај помлади пацинети секако најпогодени се повозрасните пацинети кои имаат и други коморбидитети.” – вели за Алфа, Д-р Весна Неделковска Николова, портпарол на Општа болница Велес.
Во моментов, на Инфективното одделение има 29 хоспитализирани пациенти 25 од нив се потврдени четири се сомнителни случаи, а десет од нив се на кислородна поддршка. Вкупниот број на починати во велешко од почетокот на епидемијата изнесува 23 лица.
Капацитетот на ова одделение од 35 кревети изминатата недела беше зголемен на 54. Во Велес и велешко моментално има повеќе од 120 активни случаи.