ДУИ над Македонија за премиерот: Талат Џафери во засилена предизборна кампања со Али Ахмети

ДУИ над Македонија за премиерот: Талат Џафери во засилена предизборна кампања со Али Ахмети

Наместо да работи на обезбедување фер и демократски избори, Талат Џафери премиерската позиција првата недела од мандатот главно ја користи во предизборната кампања на ДУИ. Иако главната цел на техничката Влада е сосема друга, актуелниот премиер повеќе е во мисија на партиска промоција. Па така, од Форино, се пресели во Куманово, каде со Али Ахмети беше главна ѕвезда на настан на ДУИ.

Со ваквото однесување Џафери и ДУИ повторно покажуваат дека за нив нема разлика меѓу партијата и државата. Па така, и вицепремиерот Груби повеќе се става во улога на портпарол на партијата кој преку Фејсбук профилот, повеќе се занимава со промоција на Џафери како прв премиер Албанец на Македонија, отколку со тоа дали нешто работи оваа влада. Но не е само груби, и самиот Џафери откако ја презеде функцијата, се обидува на сите начини да го презентира тоа како голема партиска и победа на лидерот Али Ахмети. Па за таа цел беше направено и промотивно видео каде Џафери само со албански знамиња и факели беше беше пречекан во своето родно Форино.

Токму од овој партиски настан за кој од ДУИ велат дека е еден од серијата на кои Џафери ќе имал средби со граѓаните во повеќе градови во државата заедно со Али Ахмети, техничкиот премиер испрати благодарност до лидерот и органите на партијата, кои му ја дале довербата за позицијата на Илинденска.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста