Драма во Чешиново Облешево – запалено стрниште направи пустош

Тешка ноќ за кочанските пожарникари. Во раните утрински часови под контрола се ставени пламените јазици кои се проширија, откако земјоделците од Чешиново-Облешево  на своја рака почнале да ја палат сламата од овогодинешната жетва. За влакно е избегната трагедија. Брзата интервенција на кочанските пожарникари успеале да спасат четиричлено семејство кое било во   автомобил што бил во дефект на патот Штип-Кочани. Семејството веднаш било хоспитализирано во кочанската болница,каде што откако им биле санирани повредите се пуштени на домашно лекување. Поради ветрот пламените јазици брзо се прошириле, па во опасност покрај куќи била и бензиска помпа .

„Возилото е целосно изгорено. Спасени се повеќе  куќи и стопански објекти. Во Облешево има и бензиска пумпа, која исто беше загрозена И таму беше интервенирано со неколку возила„-изјави Борче Паунов, командир на ППЕ-Кочани.

Пожарот кој избувнал после 18часот  пеплоса над 20хектари земјиште. Покрај кочанските, со пламените јазици се бореле и виничките пожарникари. На полноќ имало нов пожар. Евакуирано е семејство, а нивната куќа е спасена.

„Во текот на ноќта имавме уште еден пожар во Облешево. Приоритет ни беше спасување на семејна куќа и луѓето што живеат таму. Успеавме да го локализираме околу 1часот. Во близина имаше и 2500 бали кои целосно изгореа„-изјави Паунов, командир на ППЕ-Кочани

Палењето на стрништа е огромен проблем, а државата нема соодветен механизам да се избори со лошата земјоделска пракса после секоја жетва. Во Кочани има само еден инспектор кој тешко може да го покрие целиот регион. За овој период изречени се 29казни и две прекршочни пријави Постои иницијатива да се смени Законот со која потпалувачите би го изгубиле правото на субвенции. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста