Пловилата во Охридското езеро се еколошка закана

Инертноста на институциите и недоволната заштита, сериозно го загрозуваат опстанокот на милениумското езеро, чиј праг на издржливост посебно кога станува збор за пловилата не смее да се премине-алармираат екологистите.

 И покрај големиот број накајчиња, катамарани и бродови,не постои лимит на пловни објекти на Охридското Езеро. Згора на тоа, бидејќи не постои марина,целото езеро е прекриено со излеана нафта, сведочат бродарите. Охриѓани потсетуваат на последниот еко инцидент кој се случи на почетокот од овој месец,вдолж гратското пристаниште.

Тука 67 години како што памтам и се бањам во езерото, ова не го имам видено јас. – вели Михајло Наумоски-жител на Охрид.

За едно вакво езеро ти 3.000 единици да клајш глисери со по 500 коњи и со по 1000 од кои што половината се на нафта, тоа е веќе атак на Охридското езеро извршено, не атак туку убиство. Гледав една емисија во Етиопија носат во канти бензин и во шишиња туриваат во пловните  објекти.Исти сме ние ко Етиопија.А дојдат избори ќе ви направиме утре марина, санкир ова Марина е од Банџовци ќе је земет онаа комшивкана моја.Немат таква работа,не страмота, греота е за идните генераци. – изјави Наум Мато-бродар.

 Во изминативе 4 години имаше многу иницијативи и проекти кои предвудуваа замена на целата водна флота која функционира на фосилни горива и дополнително го загадуваат езеро, со соларни пловни објекти, за што беше изготвена и предфизибилити студија,но Владата не превзеде никакви мерки. Екологистите притискаат да се намали бројот на моторни пловни објекти со големи сили и да се промовираат еколошки пловила.

Се наметнува потребата од потполна забрана за употреба на пловни објекти на горива што се опасни и што можат да загадуваат. – кажа Борис Стојаноски-Е.Д. “Грашница”.

Претерано многу пловни објекти има,високотуражни машини кои што вршат оштетување и на растителниот и на животинскиот свет. – кажа Борис Џајкоски-Е.Д. “Грашница”.

Пред две години надлежните институции најававија дека ќе се воведувале ограничувања, по езерото да пловатсамопловни објекти чии мотори ги задоволуваат еколошките стандарди, водејќи сметка притоа и на годината на нивно произвотство –што требаше да  доведе до регулација на бројот на пловила, но ништо од тоа не се реализира.

Росица Голабоска