Доктори специјалисти: Епидемиолошка бесмислица се најновите анти ковид мерки на Владата

Епидемиолошка и медицинска бесмислица – вака докторите специјалисти ги коментираат најновите анти ковид мерки на Владата. Професорот на Медицинскиот факултет, Никола Пановски алармира дека мерка со која се ограничува природно стекнатите имунитет од Ковид-19 на само 45 дена е мерка каква што нема никаде во светот, посебно поради фактот што сите еворпски земји имунитетот на прележените го признаваат од 9 до 12 месеци. Тој ги повика сите Коморите и здруженијата да не молчат околу нелогичните мерки на власта.

„Повикувам јавно пеку вашата ТВ да се јави еден доктор, професор од било кој од трите факултети во Македонија и било каде во светот и да каже дека оваа мерка е оправдана. Тука го исклучувам министетот кој за жал тоа го изјавува, но друг доктор до сега не сум чул и нема ни да чуеме. Нема никој да се охрабри таква глупост да поддржи. Не можам да верувам дека некој до Комисијата ова го предложил, ако не е предлог на Комисијата, таа треба да се огради под итно за да си го зачува угледот професионален, второ ако некој ги менува одлуките на Комисијата и става нови медицински одлуки тоа е скандал“, вели доктор Пановски.

Доктор Пановски вели оти искуствата со корона вирусот покажале дека едвај еден отсто од веќе прележените повторно се заразиле со вирусот наспроти 15 проценти од вакцинираните, кои и покај примените две дози се инфицирале со Ковид 19. Вели грешно е да со само една вакцина се довзоли луѓето слободно да се шетаат по молови и затворени простории бидејќи тие се поголем ризик да ја шират болеста отколку оние кои ја прележале.

„Кога ќе донесете една нелогична мерка со цел да ги натерате луѓето да се вакцинираат, а тоа е со една доза да им дадете сертификат иако сте свесни дека тие се исто како невакцинираните односно немаат никаков имунитет стекнат од една доза барем во првите две недели, таа грешка повлекува и други грешки, бидејќи не би било логично да им речете дека по контакт со заразен мора да бидат во изолација ако исто времено им давате пропусница да влезат по молови, вакво нешто не смееше да се дозволи“, додава тој.

Ревидирање на анти ковид мерките побара и токсикологот Нико Беќаровски. Тој преку социјалните мрежи ги повика лекарите од Комисијата за заразни болести уште еднаш да размислат за предложените рестрикции.

„На првиот состанок ревидирајте ја бесмисленоста на одлуката ЗА ВИСТИНСКИ ПРЕЛЕЖАНИТЕ ОД КОВИД-19 и 45 дена заменете ги со логичните 9-12 месеци. Одлуката еден ден по прва доза да се имаат сите права е медицински и епидемиолошки неиздржана и е погрешен начин за стимулација на вакцинацијата !!!! Драги колеги, да останеме тоа што најдобро го знаеме, ДОКТОРИ, а не политиканти!!!“, пиша на Фејсбук, специјалистот д-р Нико Беќаровски.

И епидемиологот професор доктор Драган Даниловски остро ги искритикува мерките за превенција од корона вирусот, нарекувајќи ги бесмислени и додаде дека на сите граѓани кои умеат логично да размислуваат им е јасно зошто се носат вакви мерки, но очигледно не и на колегите од Комисијата за заразни болести и Комисијата за имунизација.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста