Додека мерките се олабавуваат и се заговараат брзи избори, бројот на заразени прилепчани продолжува да расте

„Кампањата од „врата до врата“ заради спроведување на некакви си брзи избори, не само што е голема неодговорност, туку е и недозволива во вакви услови. Од каде знаеме кој што „носи“ во себе, па за да им отвориме врата?! Сето тоа треба да се одложи барем додека бројот на заболени не почне да стагнира“ – резигнирано денеска реагираат прилепчани каде бројот на заразени секојдневно се уште расте.

Од друга страна, иако загриженоста на прилепчани е евидентна, сепак, после ваквите неповолни резултати во однос на ширењето на заразата, добар дел од нив, олабавувањето на мерките го поздравуваат, а дел пак, вината ја лоцираат во колективната граѓанска неодговорност во изминатот период.

Инаку, Прилеп е еден од ретките градови во земјава каде освен големиот број на заразени граѓани и кој за жал се уште расте, има дури и 11 починати лица како последица од инфицираноста со Ковид 19.

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста