Дипломатска офанзива во Mакедонија – Донфрид ни порача премногу се одолговлекува меѓувладината конференција

На речиси еден месец од одржувањето на европскиот Самит во јуни кога треба да стане јасно во која насока ќе се движат македонските интеграции, се засилува дипломатската офанзива на земјава. По ненајавената посета на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи на Скопје, денеска во посета на Македонија е помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид, но и нејзиниот заменик и специјален претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Со поддршка за интеграциите, Донфрид од Скопје порача што побрзо да се одржи меѓувладината конференција, бидејќи како што вели премногу се одолговлекува нејзиното одржување.

-САД изразува пофалби за напорите на Македонија за евроатланстката иднина. Силно ги поддржуваме вашите евроаспирации и сакаме што побрзо да се одржи меѓувладината конференција. Предолгo се одолговлекува нејзиното одржување. Исполнивте тешки задачи, ги исполнивте реформите и заслужувате брзо да напредувате. Иднината на Македонија е во ЕУ. Пристапувањето на земјава во ЕУ ќе донесе поголема стабилност на Балканот и поголем простперитет во Европа, нагласи Донфрид.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи по средбата со Донфрид и американската делегација повторно го повтори ставот за пристапувањето кон ЕУ, па вели дека сега е вистинско време Унијата да го исполни својот дел од задачата и да го деблокира пристапен процес преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција за време на француското претседателство. Османи дециден дека немало време за губење.

Сепак по средбата Ниту Османи, ниту Донфрид не сакаа да одговорат на новинарски прашања, правдајќи се на напиена агенда на средби со македонските функционери.

Инаку Донфрид од Скопје го најави и стратешкиот дијалог на двете влади што треба да се одржи во Вашингтон.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста