Димитров и Пендаровски го потпишаа Преспански, па сега делат совети како граѓаните да не страделе

Димитров и Пендаровски го потпишаа Преспански, па сега делат совети како граѓаните да не страделе

Прво потпишаа па сега предизборно кога им гори под нозе се сетија на граѓаните и на техничките проблеми кои произлегуваат од Преспанскиот Договор.

Со години не убедуваа дека тој е нашиот билет за Европа, а во суштина поради него најголем дел од граѓаните остануваат заглавни во Македонија.

Човекот кој стави потпис на придавката „Северна“, кој тврдеше дека од неа ќе процветаат рози, откако остана без удобната фотелја и фрлен во политичкиот заборав разбуди во себе патриотски чувства, па дури и почна дели совети како требало да се постапи.

  • Зошто се издавале стари патни исправи и во 2021-та година искрено не знам ниту пак тоа е согласно начелото на уставност и законитост. Прашањето треба да го одговори МВР. Токму затоа велам дека овој процес треба да биде на тропок на државата меѓу другото, и поради сите овие конфузии“ напиша Димитров на социјалните мрежи.

Ова се обидите за објаснување на Димитров на социјалните мрежи, но на бројните критики и прашања во коментарите немаше одговор зошто не реагирал додека беше дел од Владата и зошто дури сега се сети дека документите кои се издавале во суштина биле неважечки.

  • „Ние каскавме назад, не поминаа сите држави од регионот, си имавме мака со македонскиот јазик, престанаа и да шепкаат за нас за НАТО и ЕУ… тоа е вистинската понижувачка позиција. Сето тоа е исправено, влеговме во НАТО, потврден е македонскиот јазик и очигледно почнуваме пристапни преговори со ЕУ. Значи има една крајна изгубенот од другата страна. Ние може ги викаме избори, но според понудите, бираме напред или назад“, изјави Димитров во 2020 година.

И претседателот Стево Пендаровски, кој го потпиша Указот за Преспанскиот Договор, уставните измени, но и измените на законите за безбедност во сообраќајот и на законот за патните исправи сега се сети дека тие предвидуваат документите да важат до денеска, па денеска вели дека тој дал предлог уште пред два месеци, но нејасно е зошто не бил проследен до Собранието.

  • „Можам да ве информирам дека сите пратенички групи безмалку сите дадоа поддршка, денеска во 17 или 18 часот е закажана седница на парламентот колку што јас знам, на која ќе се донесе измена на законот за возачки дозволи со која ќе се продолжи рокот за важење во внатрешноста на државата. Мислам дека во законот ќе стои 10 месеци плус, треба да се сменат во тие 10 следни месеци околу 270 илјади возачки дозволи и тоа е изводливо“, изјави Пендаровски.

Двата чекори кои Панче Тошковски ги предлага сега, за Никола Димитров биле добро решение, а Стево Пендаровски вели дека ако бидат изгласани ќе ги потпише без одлгање.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста