Димитриевски за Алфа: Нема никаков основ за кривична пријава, истата првично била отфрлена од ОЈО

Нема никаков основ за кривична пријава против мене, според моите информации истата била отфрлена од Обвинителството, но сепак на крај е поднесена, вели за Алфа телевизија градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. МВР соопшти дека поднеле кривична против него поради непостапување според здравствените прописи за време на пандемија. Првиот човек на Куманово изразува зачуденост, но не сакаше да коментира дали политиката вмешала прсти во овој случај.

-Јас сум повеќе од сигурен, а за тоа постојат и докази дека нема елементи за кривично дело, ниту пак било какво прекршување од моја страна или од страна на членот на штабот, господинот Горан кој што е раководител на регионалната дирекција во Куманово. Информациите кои што ги имам се дека ОЈО дало свои насоки на СВР Куманово, каде што се отфрла кривичното гонење во оваа фаза, но сепак истата е поднесена, изјави Димитриевски за Алфа.

Дека Димитриевски е во внатрепартиска битка со врвот на СДСМ е и повеќе од јасно. Тој вели дека во минатото се борел против режим, а сега прашува дали е на повидок нешто слично. А за политичка димензија на овој случај говореше и министерот за внатрешни работи. Наќе Чулев смета дека иако праксата не е таква, тој не ни бил известен за ваквата пријава, односно известување било пратено само до директорот на Бирото за јавна безбедност, од каде пак било препратено во СВР Куманово. Димитриевски вели Чулев ќе треба да се дообјасни што мислел со изјавата дека станува збор за политичка конструкција.

-Ме изненадува фактот што фамозниот записник кој што беше презентиран и врз база на кој што беа најавени пријави, се уште не е доставен ниту до мене, ниту до членовите на штабот и ние се уште го очекуваме едноставно немаме за што да се произнесеме. Информациите кои што ги имам се дека ОЈО дало свои насоки на СВР Куманово, каде што се отфрла кривичното гонење во оваа фаза, но сепак истата е поднесена, изјави Димитриевски за Алфа.

Кривичната пријава доаѓа по двата вонредни инспекциски надзори од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. За потсетување, Димитриевски првично доби позитивен тест за коронавирусот, за една недела подоцна да добие два негативни и вели дека тие покажале дека тој воопшто немал Ковид 19.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста