Затруени се девет деца од три основни училишта во Карпош

Затруени се девет деца од три основни училишта во Карпош

Три училишта во општина Карпош ги ставија своите кујни под клуч, едно од нив, основното „Димо Хаџи Димов“ го затвори и магацинскиот простор откако дури 9 деца беа затруени. Од општината информираат дека во ОУ „Војдан Чернодрински“ се заразени три ученици, во „Владо Тасевски“ пет, додека пак во „Коменски“ има еден ученик заразен од салмонела. Од општината за Алфа ТВ откриваат дека компанијата која врши достава на храна во засегнатите училиште е „Ванила фуд“.

Според познавачите, децата веројатно се затруле во петок, кога за појадок имале мекици без јајца, а за ручек спанаќ без месо, но со кисело млеко.

Надлежните во текот на вчерашниот и денешниот ден земале брисеви од сите работни површини во сите основни училишта.

  • „Фирмата која врши снабдување со храна во сите основни училишта во Карпош сама побарала вонреден преглед. До добивањето на резултатите ќе бидат затворени кујните во овие три училишта, како и кујната во ООУ Димо Хаџи Димов каде што нема регистрирани случаи, но е сместен магацинот од каде се снабдуваат другите училишта“ – велат од Општина Карпош.

Резултатите од анализата на примероците се очекуваат најдоцна до сабота.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста