Депонијата Буково и натаму гори, охридскиот градоначалник крева раменици, мештаните се самоорганизираат

Депонијата Буково која претставува еколошка бомба со месеци неконтролирано гори ширејќи неподнослива миризба и чад. Дваесет години ни ветуваат дека ќе се реши проблемот, ние жителите од поранешната коселска општина во која гравитираат 6 села, се удавивме од депонијата која тврдам дека постојано гори – вели претседателот на месната заедница од село Куратица, кој деновиве на планината Мазатар на 1635 метри надморска височина ќе постави камера која ќе овозможи 24 часа да се следи состојбата на депонијата.

„Еве лично го повикувам градоначалникот бидејќи кажува будно ја следи состојбата ево ќе кажам дека не ја следи воопшто и воопшто не се ангажираат бидејќи ние на неколку дена одиме Буково и гледаме што се случува, дека воопшто ништо не се превзема. Така да ќе поставиме камера 24/7 н е само градоначлникот, да гледа цела Македонија и светска јавност да гледа што се случува на Буково“, вели Горан Ангелоски-Претсед.на месна заедница Куратица.

Од Државниот инспекторат за животна средина кои изминатите два месеци во неколку наврати визвршиле исспекциски надзор, велат дека депонијата има влијание не само врз површинските води, туку првенствено врз квалитетот на воздухот бидејќи при согорување на отпад се ослободуваат канцерогени емисии.

“Дадени се насоки на Директорот на ЈП Комуналец од Охрид итно да интервенира за да се изгаснат пожарите. Претходно ЈП Комуналец добил и казна од надлежен државен инспектор но ниту казната не помогнала да се подобрат состојбите. ЈП Комуналец има ангажирано оператор на депонијата, но очигледно овој оператор не ја одржува депонијата во согласност со минималните технички стандарди што се пропишани со Законот за отпад“, информираат од Државен инспекторат за животна средина.

Депонијата Буково на која дневно се одлагаат околи 90 тони ѓубре, а е пренатрупата и излезена надвор од сопствените граници, охридскиот градоначалник, немоќен да го реши проблемот.

„Општина Охрид нема капацитет и ресурси сама да се справи со проблемот за депонијата Буково. Изградбата на регионалата депонија е проект кој што е во надлежност на министерството за животина средина,ние како општина децении наназад се судруваме со тој проблем“, вели градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Доколку во најкус можен рок не се дислоцира дивата депонија, месното население од десетина села од охридско-преспанскиот регион, најавуваат тужби против државните институции, Ј.П.”Охридски Комуналец” и фирмата “Нефи ИК ”задолжена да ја одржува депонијата.

Во меѓувреме, не само што не се најде одржливо решение, туку истече и рокот на Унеско за затворање на депонијата Буково која се најде во извештајот на Комитетот за светско наследство на Унеско, како една од препораките кои мора да се испорачаат. Според акционскиот план истата требаше да се затвори до крајот на 2020-та година.

Првиот човек на “Охридски Комуналец” вели дека единствено и долгорочно решение на проблемот е отворање на регионала депонија, а до тогаш морале да го одлагаат ѓубрето во Буково, оти немале друга солуција.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста