Денеска ќе бидат ослободени уште 10 заложници во Газа

Денеска ќе бидат ослободени уште 10 заложници во Газа

Владата на Израел добила список кој содржи 10 заложници кои ги држел Хамас во Газа, а кои се очекува да бидат ослободени денеска според продолжениот договор за прекин на огнот со милитантната група, пренесуваат светските новински агенции.

Претходно, кабинетот на израелскиот премиер објави дека Израел одобрил вклучување на 50 палестински затвореници на списокот на оние кои се планирани за ослободување доколку бидат ослободени дополнителни израелски заложници од Газа.

Четиридневниот прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, склучен како дел од договорот кој стапи на сила во петокот, ќе биде продолжен за два дена, објавија вчера Катар и Хамас, што ќе овозможи ново ослободување на заложниците од Појасот Газа и Палестински затвореници од израелските затвори.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста