Црна Рука– Бела Рука I Дел

Црна Рука– Бела Рука I Дел

Езотерија. Тајни друштва. Подземната држава во Македонија.

Во Кралство Србија во мај 1903 година сурово е ликвидирано кралското семејство Обреновиќ и интронирана е династијата Караџорџевиќ. Се совпаѓа со времето кога е убиен и Гоце Делчев во Баница во Македонија. Тоа индицира дека некакви големи планови за Балканот биле во тек.
Со ликвидацијата на кралското семејство, историјата ги поврзува членовите на тајната организација „Црна Рука“. Нејзините припадници подоцна се обвинети и за Сараевскиот атентат и за последиците од Првата Светска војна. Следува Солунскиот процес во 1917 година во кој под ова обвинение се стрелани неколку нејзини припадници.

(Не) сериозни извори
„Црна Рука“ според сведоштво на Ѓорги Карев братот на Никола Карев била негов мачител и голем противник. „Бела Рука“ ја формира еден од поранешните членови на Црна Рука кој подоцна ја напушти организацијата. Тој генерал ќе предводи политички партии и ќе биде нај влијателен во политичкиот живот на стара, кралска Југославија. За овие тајни организации сепак не постојат сериозни извори освен пишувања по тогашните весници и политички расправи.

За изненадување, по завршувањето на Втората Светска Војна познатиот шеф на УДБК Александар Ранкович во обновен судски процес во 1953 година ќе изврши реахбилитација на ликовите од лидерството на „Црна Рука“. Времето на Ранкович се совпаѓа со времето на Лазар Колишевски во Македонија. И време на многу необјаснети затворања, ликвидации и грабеж воден од надворешен центар. Од овие настани дури и самиот Колишевски се оградува. Сега Ѓорги Карев ќе биде убиен со инекција во Идризово, додека крвави настани следуват по територијата на целата народна Република Македонија како оние во Битола, Велес, Струмица.

Континуитет
Откако Ранкович паѓа во немилост на Тито, во Македонија од позициите времено е отстранет и Колишевски. Со изразено по национална ориентација и по либерална програма настапува групата на Крсте Црвенковски. Кога се анализираат изборните резултати од времето на Стара Југославија и семејните односи на тогашните политички активисти ми остава впечаток нивното континурано политичко активирање и во комунизмот и до ден денес во демократијата. Доволно е само да се видат списоците со презимињата на лицата кои учествувале и победувале на изборите. И да стане јасно дека црна и бела рука се присутни и актуелни повремено и на актуелната политичка сцена освен нели ако се исклучи можноста дека политичката определба и убедување се наследни.

Денес кога колоквијално се употребува „Подземна држава“ се мисли на група влијателни луѓе, особено политичари, кои го негират суверенитетот на народот. Сепак термините „Подземна“ и „Посебна држава“ често се користат и нивната историја потребно е детално да се истражува.
„Подземната држава“ и „Посебната држава“ во Македонија работат со дуален континуитет. Нивната генеза се следи од османлиското царство и како што тоа се распаѓа нивните структури започнуват своја историја во новите национални држави. Оставаат впечаток објаснувањата на старите српски, романски, бугарски и светски весници време дека Црна и Бела рука сепак се водат од надвор: Лондон, Виена, Москва.

Крај на I дел.

Петар Трајков

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста