Лавров доаѓа во Скопје – Бугарија го отвора небото за неговиот авион
И официјално, на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје ќе дојде и Сергеј Лавров, министерот за надворешни работи на Русија. Откако Македонија дозволи авионот на рускиот министер да слета во Скопје, и Бугарија ќе го отвори воздушниот простор за летот на Лавров. Ова ќе биде прва негова посета во земја членка на НАТО откако Русија ја нападна Украина.
„Тој доби позитивен одговор на нашата нота за авионот на Лавров кој лета низ бугарскиот воздушен простор“, вели руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова, пренесува државната руска новинска агенција ТАС.
Бујар Османи не кажа дали на неформалната вечера ќе присуствуваат и рускиот и украинскиот министер бидејќи, како што нагласи, агендите на сите министри се различни и според тоа не мора да значи дека сите министри ќе бидат присутни сите три дена.
Тоа што веќе е познато е дека Лавров нема да има средба со американскиот државен секретар Ентони Блинкен на маргините на претстојниот Министерски совет на ОБСЕ во Скопје.
„Вашингтон не побара средба и нема да има средба“, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.