Делта сојот ги враќа маските и карантините во неколку земји

Индискиот сој ги враќа ограничувањата и маските во некои држави.. Надлежните во обид да го забават ширењето на делта сојот за кој се тврди дека е многу позаразен од претходните мутации на САР-КОВ 2 ги вратија рестрикциите.

 И покрај тоа што 30 проценти Португалци се веќе вакцинирани, половина од новозаразените  го имале индискиот сој. Според надлежните, новата варијанта на вирусот во Португалија стигнал преку британските туристи, каде претходно рапидно се рашири делта сојот. Сега за  да влезат во земјата Британците ќе мора да покажат негативен ПСР-тест. И за влез во главниот град на Португалија ќе мора да се покаже негативен тест или потврда за вакцинација, а угостителските објекти и продавниците ќе работат со скратено време.

Германија стравува дека летово  Делта сојот ќе стане доминантен во земјата.

„Сојот Делта ќе биде доминантен во текот на летото, и во прашње се недели а не месеци. Моментално повеќе од 15 проценти од новите случаите на заразени со коронавирус во Германија и неговото ширење ќе зависи од тоа колку луѓе ќе бидат  вакцинирани, како и од зачестеноста на инфекциите“ –вели Шпан.

Носењето заштитни маски на јавни места во затворен простор од денеска повторно е задолжително во Израел. И таму расте бројот на новозаразени со делта сојот а половина од Израелците се целосно имунизирани.

Центарот на Сиднеј и четири предградија од полноќ  ќе бидат во еднонеделен строг карантин. Движењето ќе им биде ограничено на 5милиони жители. Властите во Нов Јужен Велс претходно воведоа задолжително носење маски во затворено, им забранија на жителите да го напуштаат градот и ги ограничија собирите на пет лица.

„На луѓето кои живеат или кои поради работа престојувале во четири дела од Сиднеј во последните две недели, им е наложено да останат дома и да излегуваат само за неодложни потреби. Не сакаме оваа состојба да трае со недели, сакаме да заврши колку што е можно побрзо“изјави премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклиан.

Во меѓувреме, вакцината на Фајзер и Бионтек е многу ефикасна против делта верзијата на ковид 19, соопштуваат претставниците на компаниите.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста